Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Укината забраната за пиење на водата во Демир Капија

/

Македонија

Сподели преку :

Водата од градскиот водовод во Демир Капија е здравствено исправна и безбедна за пиење, соопшти локалното Јавно комунално претпријатие „Бошава“ по последната лабораториска анализа

„По добиените резултати, забраната за пиење на водата, изречена од надлежниот инспектор при Агенцијата за храна и ветеринарство, е укината. Со тоа, граѓаните повторно можат слободно да ја користат водата за пиењe“, информираа од јавното претпријатие.

На 14 август од јавното претпријатие информираа дека водата од водоводот се забранува за пиење и подготвување на храна. Ден подоцна, од јавното претпријатие апелираа дека нема потреба од создавање тензии и дополнителен страв кај граѓаните, ниту, како што беше соопштено, темата треба да се користи за дневно-политички поенти.

Jumbo 2