Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три жени и шест мажи ја меркаат претседателската вила на Водно

/

Македонија

Сподели преку :

Три жени и шест мажи ја меркаат претседателската вила на Водно. Од денеска влегуваат во трка за собирање на 30 пратенички потписи или 10.000 граѓански потписи со кои ќе можат да се кандидираат за претседател на државата. Најновите кандидатури, на Максим Димитриевски од ЗНАМ, на Бујар Османи од ДУИ, како и на Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачки демократски сојуз, беа потврдени денеска, додека вчера ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и официјално објавија дека повторно ќе се соочат противкандидатите од претходните избори, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски. Давкова, која тогаш изгуби во вториот круг, ги доби потписите од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но ќе собира и граѓански потписи. Смета дека е време за женска димензија во политиката.

Движењето ЗНАМ одлучи, нивниот партиски претседател да се обиде да стапи на истата функција, но на државно ниво.

Синоќа кандидатура најави и Стевчо Јакимовски од ГРОМ, а претходно Европскиот сојуз за промени соопшти дека нивен кандидат ќе биде Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Професорката Билјана Ванковска е кандидат за претседател на Левица, а потписи ќе собира и Вело Марковски, кој прв најави кандидатура пред повеќе месеци.

Одлуките на партиите деновиве треба да бидат потврдени и на партиските конгреси и конвенции.

Рокот за собирање на потписи за кандидати ќе трае до 8 март.

Далиборка Демјанска Цветановска

Jumbo 2