Три ер трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот што избувна на територијата на Општина Сопиште, зад планината Водно, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Во гаснењето на пожарот интервенираат пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, а на терен се упатени и четири пинцгауери на ДЗС.
Попладнево пожар избувна и во скопското село Влоково, каде гореше ниска вегетација, но пожарот постепено се става под контрола.
Mеѓувреме, изгаснат е и поголемиот пожар во близина на Јажинце, благодарение на брзата интервенција на тетовските пожарникари, локалното население и полицијата.













