Охридското Езеро е прогласено за најубаво место во Европа за 2026 година во изборот на магазинот „Time Out“.
Езерото ги остави зад себе познатите европски дестинации како Сатурнија и Алберобело во Италија, како и норвешките фјордови.
Изборот е направен врз основа на препораки од уредници и патописци на магазинот.
„Time Out“ го опишува Охридското Езеро како една од најпотценетите европски дестинации и поевтина и помирна алтернатива на езерото Комо.
Во образложението се истакнуваат кристално чистата вода, планините што го опкружуваат езерото и историските населби долж неговото крајбрежје.
Посебно внимание е посветено и на Охрид, неговите калдрмисани улици, средновековните цркви и богатото културно наследство.
Меѓу највпечатливите локации е издвоена црквата „Свети Јован Канео“, од каде се простира панорамски поглед кон езерото.
Магазинот ја издвојува и албанската страна со селото Лин и неговите природни и археолошки богатства.
На листата на десетте најубави места во Европа се најдоа и Почитељ, Кралската ботаничка градина во Лондон, каналот Принсенграхт во Амстердам, долината Мозел и „Каса Батљо“ во Барселона.













