Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма дознава: 26-годишник убиен во скопски Дуќанџик , напаѓачот во бегство

/

Македонија

Сподели преку :

Дваесет и шестгодишен маж е убиен во вооружен напад што синоќа се случил на булеварот на раскрсница помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје.

Според информациите на Телма, кон него било пукано од лице кое се движело со мотор. Тешко повредениот 26-годишник бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, каде лекарите се обидувале да му го спасат животот, но во текот на ноќта им подлегнал на повредите.

Напаѓачот по пукањето избегал и по него се трага.

Телма неофицијално дознава дека осомничениот за пукањето е лице кое издржува затворска казна и кое во моментот на нападот било пуштено на викенд. По него во моментов се трага.

Првичните сознанија упатуваат дека зад убиството би можела да стои пресметка меѓу криминални групи поврзани со трговија со дрога. Во информациите до кои дојде Телма се споменува и криминалната група Беланоца, но мотивот и евентуалната поврзаност со оваа група сè уште се предмет на проверка и за нив засега нема официјална потврда.

Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот, утврдување на мотивот и пронаоѓање на напаѓачот.

-На 06.09.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на раскрсница помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје, додека Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б.(36), Е.Б.(25) и А.М. (26), сите од Скопје стоеле пред излог на фирма, застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил А.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Jumbo 2