Влегле во затвор поради криминал, а таму станале жртви на корупција. Дел од осудениците се пожалиле дека во Идризово се може да се купи со пари – кревет, душек, телефон, топла вода, медицинска терапија, преместување во друга установа користење погодност. Ова стои во последниот извештај за состојбата и условите во затворите на Хелсиншкиот комтет и Македонското здружение на млади правници. И во овој извештај ги бележи старите проблеми, особено во најголемиот затвор Идризово – нехумани и деградирачки услови, пренатрупаност, недоволна здравствена заштита, отсуство на програма за реинтеграција и рехабилитација
Затворите се огледало на тоа колку една држава вложува во човековите права велат невладините кои апелираат дека државата мора да обезбеди средстава.
Од друга стрна, „Идризово“ веќе половина година е под кризна состојба, поради недостатокот на затворска полиција. МВР и армијата помагаат во обезбедување на затворот. Додека трае приправничкиот стаж на големиот број на затворски полицајци кои немаат добиено решение за редовно вработување, ќе трае кризната состојба. Во собите на затворниците има ножеви и други остри предмети, забележале невладините според кои токму овие предмети често се користат во меѓусебните физички пресметки.
Директорот Зоран Јовановски вели прават често прават акции и претреси за откривање на недозволените предмети, но немаат доволно скенери за да го спречат нивното внесување на ножевите.
Јовновски вели дека се прави реконструкција во одредени делови затворот за да се подобрат условите, но сè уште има пренатрупаност.
Според управата за извршување санкции, едно од клучните решенија за растоварување на затворите е пробацијата – алтернативни мерки наместо затворска казна.
Списокот на проблеми на македонскиот затворски систем е долг. На него се и високиот степен на рецидивизам, недостаток на кадар, недостаток за работно ангажирање и образовен процес за осудениците и корупција, посоочи Зефиќ, според која потребна е поддршка од сите чинители во општеството.
Субстандардни услови невладините забележале и во психијатриските болници. Ниска хигиена во тоалетите, стари објекти, влага, лошо постапување. Во Специјалниот завод во Демир Капија, во одделот каде биле сместени најтешките случаи, невладините забележале екстремно лоша состојба, руиниран простор, распукани зидови, неподослив лош мирис. Се препорачува и овие лица да не се заклучуваат и да не се оставаат сами без надзор, но и државата да обезбеди вработување од медицински персонал до социјални работници и дефектолози.
Елена Ивановска Мукоска













