Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмичанец предизвикал пожар во двор, приведен со над 2 промили алкохол

/

Македонија

Сподели преку :

Полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 63-годишен жител на Струмица, кој предизвикал пожар во дворот на куќата во село Габрово, струмичко.

Според информациите од полицијата, лицето било забележано како го предизвикува пожарот, кој потоа се проширил и кон улицата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а во инцидентот нема повредени лица.

При мерење со дрегер било утврдено дека приведениот имал 2,04 промили алкохол во крвта.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Jumbo 2