Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмичанец под дејство на алкохол прегази 19-годишна девојка

/

Македонија

Сподели преку :

19-годишна девојка загина во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случи на патот Струмица–Ново Село, кај Турново. Во несреќата учествувале „Сеат Леон“ управуван од 29-годишен струмичанец и мотоцикл без регистарски ознаки.

Девојката била сопатничка на мотоциклот и починала на местото на несреќата.

Возачот на мотоциклот, 19-годишен жител на Иловица, се здобил со повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица.

При увидот било утврдено дека возачот на автомобилот бил под дејство на алкохол, со измерени 1,75 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода.

Полицијата утврдила и дека мотоциклот бил нерегистриран, а неговиот 19-годишен возач немал стекнато право за управување со моторно возило.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција. Сообраќајот на патот кај Турново бил во прекин во двата правци од полноќ до 2:30 часот.

Jumbo 2