Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Стоп за Усје“: 69 дена нема одговор од Министерството за животна средина

/

Македонија

Сподели преку :

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ обвинува дека Министерството за животна средина и просторно планирање 69 дена не одговара на нивните барања за информации од јавен карактер поврзани со загадувањето и постапката за обновување на А-интегрираната дозвола на „ТИТАН Усје“.

Од иницијативата велат дека побарале мислења од институциите вклучени во постапката, целосен записник од јавната расправа од 3 јули, информации за објавувањето на новата нацрт-дозвола, како и податоци за мерења на тешки метали и извештаите за животната средина на „ТИТАН Усје“.

Тие наведуваат дека испратиле и повеќе ургенции, но не добиле одговор… „Стоп за Усје“ ги повикува надлежните институции да ги достават бараните информации и да обезбедат транспарентност во постапката.

Од иницијативата најавуваат дека ќе ги искористат сите законски механизми за заштита на правото на јавноста на пристап до информации од јавен карактер.

 

Jumbo 2