Остра реакција на ОМО „Илинден“ – Пирин по изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека Бугарија направила законски измени за регистрација на организација, но секогаш им фалел некој документ.
Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден“ – Пирин во изјава за Телма ја обвини Јотова дека лаже.
„За жал од Република Бугарија, тоа стана навика да се лаже, кога е во прашање македонското малцинство во Бугарија и неговите организации. Таа дури и не разбрала што точно е аргументот на нејзината држава, бидејќи аргументот не е дека ни фалат документите, туку аргументот е дека наводно ние намерно правиме грешки за да не бидеме регистрирани, за да сме ја компромитирале Бугарија“ – вели во изјавата за Телма, Стојко Стојков.













