До каде е постапката за изградба на регионална санитарна депонија за Североисточниот плански регион и дали институциите утврдиле неправилности при ископот на песок во Шупли Камен, праша пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
Министерот за заштита на животната средина, Мухамед Хоџа, нагласи дека одржувањето на постојната депонија е во надлежност на локалната самоуправа и јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, но дека и тие се вклучени во барање на трајно решение.













