Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Соопштение од амбасадата во Абу Даби до македонските државјани во Саудиска Арабија

/

Македонија

Сподели преку :

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати итно безбедносно предупредување до македонските државјани во Саудиска Арабија, особено во Ријад, по серијата ракетни напади и напади со беспилотни летала. Граѓаните се повикуваат на максимална внимателност и строго почитување на упатствата на саудиските власти.

Предупредувањето следува по нападот врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад на 10 октомври, во кој, според саудиските власти, загинале најмалку 12 лица, а повеќе од 300 биле повредени.

Меѓу загинатите има државјани на Саудиска Арабија, Бангладеш, САД, Јордан, Палестина, Сирија, Судан и Египет. Саудиската коалиција ги обвини Хутите за нападот и најави решителен одговор.

Амбасадата бара македонските државјани доследно да ги следат известувањата на саудиската Дирекција за цивилна заштита и Министерството за внатрешни работи.

Од Амбасада ги потенцираат клучните безбедносни препораки што треба да ги следат државјаните што се таму:

– Итна заштита: Штом се активира безбедносна вонредна тревога или сирена, веднаш влезете во затворен простор (куќа/објект) и останете подалеку од прозорци и стакла.

–  Забранети зони: Избегнувајте јавни собири, воени објекти и пограничниот појас со Јемен.

–  Дигитална безбедност: Чувајте ги телефоните полни и погрижете се уредите да бидат чисти од какви било контроверзни содржини.

–  Строга забрана за снимање: Според законите во КСА, строго е забрането фотографирање, снимање или споделување видеа од нападите. Локалните власти строго казнуваат за вакви објави на социјалните мрежи.

– Сомнителни предмети: Секакви сомнителни објекти или паднати остатоци веднаш пријавете ги преку саудиската апликација Tawakkalna.

Амбасадата предупредува и да не се фотографираат, снимаат или споделуваат видеа од нападите, наведувајќи дека таквите објави можат да доведат до казни од локалните власти.

За итни потреби и конзуларна помош, македонските државјани можат да ја контактираат Амбасадата во Абу Даби на +971 56 441 7532.

Jumbo 2