Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје повторно меѓу градовите со најзаген воздух во светот

/

Македонија

Сподели преку :

Скопје денеска е на деветото место во светот според загаденоста на воздухот на листата на платформата Ајкјуер“ IQAir (Светски индекс за квалитет на воздухот).

Според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 11 часот по локално време, воздухот во Скоје е „нездрав“ и не се препорачува претстој на отворено за лицата со чувствително  здравје.

Најзагадени градови во светот утрово се Делхи во Индија, Лахоре во Пакистан, индиска Калкута, Шангај во Кина, Катманду во Непал, Мумбај во Индија, Карачи во Пакистан и кинескиот град Хангжу.

Поради високото ниво на аерозагадување, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) на 27 декември воведе мерки и даде препораки за заштита на населението во Скопје.

Мерките беа укинати вчера, откако Државниот автоматски мониторинг систем утврдил дека на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3.

Jumbo 2