Да се третираат Струшките вечери на поезијата како административно прашање и да се сведе на одделение навистина е шокантно, рече претседателката Сиљановска – Давкова во врска со барањето на Министерството за култура и туризам до Владата да се одземе статусот Национална установа на Струшките вечери на поезијата и да премине во одделение при Министерство за култура и туризам.
Убедена сум дека во Владата има луѓе кои знаат што е култура, знаат за мисијата на Струшките вечери на поезијата, културната дипломатија и што значи 65 години културна меморија имајќи ги предвид Струшките вечери на поезијата, додаде Сиљановска – Давкова.













