Огнените јазици и оваа летна сезона опустошија стотици хектари низ македонски шуми. Според заменик директорот на Македонски шуми штетите доправа ќе се утврдуваат, а досега се регистрирано 138 шумски пожари. Бројката не отстапува од просекот во изминатите години. Вработените во Македонски шуми најголемиот рекорд на шумски пожари го бележат во 2007 година, кога имало 652.
-Заклучно со месец јули, штетите се движат некаде околу над 4 милиони евра. Значи тоа е голема штета, меѓутоа во однос на она коешто го имаме во текот на изминатите години, сметам дека е релативно мала. Затоа што ако јавноста еве ја запознаваме дека 2024 година имавме фрапантна бројка од преку 83 милиони евра штета, а минатата 2025 ја завршивме со некаде над 50милиони евра штета“ изјави заменик директорот на ЈП„ Македонски шуми”, Кире Михаилов.
Михаилов посочува дека по завршувањето на летната сезона, вработените во Македонски шуми ќе прават проценки, каде ќе се чистат шумите од опожарената маса, а каде самат ќе се обновува.
-Без разлика колкава површина ќе биде зафатена од секој пожар, тоа не значи дека таа цела површина е целосно уништена. Некаде пожарот воопшто и не зафатил, некаде бил приземен, некаде горело трева. Доколку стеблото или пак листењакот воопшто не се чепнати од пламени јазици, тогаш таа шума многу лесно ќе се самообнови„ изјави Михаилов.
И годинава дел од пожарите се подметнати од пиромани, но има и случаи каде што пожарите се предизвикани од невнимание, како што беше слуачјот со Делчевска Бигла, каде што изгореа над 200 хектари шума. Според Михаилов затворските казни за пироманите имаат ефект, но како што вели потребно е да се работи и на подигање на свеста за последиците од пожарите.
Викторија Јованова













