Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шасивари брои денови кога ќе се отстрани јазичната бариера за правосудниот испит

/

Македонија

Сподели преку :

Се бројат деновите до кога ќе се надмине проблемот со јазичната бариера при полагање на правосудниот испит на албански јазик, вели министерот за правда Јетон Шасивари.

Министерот за правда денеска се среќава со претставници на студентите и деканите на петте правни факултети при петте универзитети во земјата, на која ќе бидат презентирани и практично објаснети предложените законски решенија. Студентите Албанци бараат да им се овозможи да полагаат правосуден испит на албански јазик.

„Пресметките не ги правам со дигитрон, туку со часовник во смисла на броење на деновите кога оваа јазична бариера со која се соочувале генерации дипломирани правници ќе биде отстранета и ќе се постигне јазична инклузивност со задржување на професионалниот стандард на овој испит кој е многу важен“, рече Јетон Шасивари, министер за правда.

 

Jumbo 2