Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Селими: Пи-ар трик на ДУИ од кој СДСМ е единствената што не може да ќари политички поени

/

Македонија

Сподели преку :

Феноменален пи-ар трик на ДУИ за да ги прикрие сите неисполнети ветувања во текот на своето владеење, и целиот фокус да го сведе на прашањето дали треба да има или не премиер Албанец во Македонија, оценува политичкиот аналитичар Сефер Селими. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Селими посочи дека ова може да се искористи за кај Албанците да се намалат очекувањата од функциите, а кај Македонците да се намали стравот од губењето на тие функции.

Тука само една политичка партија тешко може да направи пи-ар од тоа, тоа е СДСМ. Од овој потег значи ќе прави пи-ар, како што видовме како се произнесе ВМРО, дека е понижување, дури имаше и некои фаталистички изјави помеѓу поддржувачите и некои порадикални структури во нашето општество. Меѓутоа тие најдоа начин како да се извлечат од тој процес и да не бидат дел, затоа што секако ДУИ ќе се обиде на секаков начин да го претвори ова дека победиле во сѐ и сешто. Меѓутоа сепак јас сакам ова да го гледам низ призма на нормализација на односот на граѓаните спрема државата и обратно. Тоа дека ќе имаме политичка пропаганда не можеме никако да го избегнеме, еве првиот ден државата е тука и јас верувам дека ова ќе придонесе да се намалат и очекувањата на Албанците од функциите, но и стравот на Македонците од немањето такви функции. Така да мислам дека ова ќе придонесе за нормализација на дијалогот и политичката сцена во иднина. Не можеме ова да го очекуваме во следните 100 дена, поради тоа што сите ќе се препукуваат по ова прашање, и ДУИ ќе се обиде да ќари политички поени на ова прашање, исто како што ќе се обидува и ВМРО-ДПМНЕ да го претставува како понижување или Армагедон на македонската држава, рече Селими.

За аналитичарот Кржаловски очекувано беше дека ДУИ ова спектакуларно ќе го прослави, но и тој се согласува со Селими, дека тоа ќе помогне да се надмине тоа прашање. Кржаловски прецизираше дека реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ не беше дека е Албанец, туку зошто не е од победничката партија СДСМ.

За поранешниот вицепремиер и амбасадор Ивица Боцевски „Пржинската влада“ е една уставна дивоградба и политичка травестија која што не постои во ниту една друга демократска земја.

Тоа беше една крепаница направена во 2016 година за да може полесно да се направи превратот СДСМ, Зоран Заев да биде доведен на власт, и ништо повеќе, и не знам зошто го одржуваме и понатаму. Мислам, една ваква работа која што е антидемократска, противуставна, којашто е нелогична, зошто и понатаму да ја имаме. Тоа е прво, второ по петти пат во Македонија имаме личност која што не е носител на најголемиот политички легитимитет а којшто е премиер. И тоа е неодржливо. Таков беше Кљусев, таков беше Хари Костов, таков беше Емил Димитриев, таков беше Оливер Спасовски а сега е Талат Џафери, рече Боцевски.

Според него премиерот треба да има природен легитимитет затоа што ја носел во избори партијата и коалицијата којашто добила најмногу доверба од народот, и таа доверба нему му дава за право да управува со владата.

Дали Талат Џафери го доби тоа право? Не го доби. Така што во тој контекст, значи по петти пат, во Македонија имаме пак една луда ситуација. Значи премиерот мора да биде човекот којшто има изворен легитимитет, од народот, добиен на избори, и пренесен понатаму во владата. И Димитар Ковачевски можеби е граничен случај, можеби е шести на овој список. Што е проблемот? Не е проблемот дали во Македонија има или нема Албанец, дури имаше некои написи „Обама момент“. Знаете кога ќе биде „Обама момент“ во Македонија? „Обама момент“ во Македонија ќе биде кога некој Турчин, или некој Србин ќе добие мнозински дел од гласовите на Македонците и ќе стане премиер, нека биде и Албанец. Затоа што убедливо мнозинското население е македонското. Но, ова не е така, рече Боцевски.

Jumbo 2