Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Секој со свој кандидат, за Алијанса ќе одлучува Основен суд – Тетово

/

Македонија

Сподели преку :

Ковачевски, Мицкоски, Апасиев, Груби, Меџити и Арсовска ќе се соочат на изборите во првата изборна единица. Партиите веќе ги пополнуваат листите на кандидати за пратеници, но ги кријат адутите за претседател на државата. ВМРО-ДПМНЕ својот кандидат ќе го објават по конвенцијата на 2 март, а СДСМ кон крајот на месецов или на почетокот на март. На новинарско прашање, дали им пропадна планот за консензуален кандидат со ДУИ, претседателот на СДСМ сега тврди дека тоа никогаш не било дефинитивна опција.

Ковачевски не сакаше да ги коментира шпекулациите дека еден од кандидатите ќе биде Ахмети. Арбен Таравари, пак, кој ќе биде кандидат на здружената опозиција на Албанците,изјави дека лидерот на ДУИ му е посакуван противкандидат. Но, тој и самиот се соочува со судски процес, откако вчера таборот на Села го разреши од претседателската функција во партијата. Одлучувачка инстанца е Основниот суд во Тетово, каде е седиштето на партијата и тие ќе треба да одлучат кој е легитимен претседател на Алијанса за Албанците по одржаните два конгреса и двете разрешувања, но и фактот дека и од двата табора тврдат дека партиските печати се кај нив.

Далиборка Демјанска Цветановска

Jumbo 2