Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се шири фронтот против актуелното раководство на СДСМ?

/

Македонија

Сподели преку :

Демократската опозициска платформа се шири – тврдат од фронтот „12 и 5“ откако денеска на дебата им се приклучи пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ. Тој на состанокот на одвоените социјалдемократи дојде точно во 12:05 како што и се вика платформата на дел од членството на СДСМ.

„Нас нѐ интересираат следните 35 години, и наша мисија е да се стопира антинародната власт“, вели Мециновиќ. „Но, од друга страна неказивноста меѓу раковдоствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ мора да се запре, а наша одговорност е да разговараме со сите опозициски сегменти“, вели тој.

За поранешниот потпретседател на СДСМ Игор Ивановски, учеството на преставник на Левица на трибината е доказ дека фронтот против поддржувачите на актуелниот претседател на партијата се шири.

Смета дека во моментов СДСМ е политичко – бизнис профитерска партијата која не може да победи на избори. Го обвини Филипче дека е во премолчана коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, и дека СДСМ е добра инвестиција на власта.

Од СДСМ и денеска ги обвинија иницијаторите од платформата дека за лични интереси одработуваат за Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ.

ОД ВМРО-ДПМНЕ го обвинија Филипче дека шири хистерија и паника поради состојбата во која му се наоѓа партијата.

Инаку дел од Платформата во рамки на СДСМ се нејзини поранешни високи функционери како што се  Игор Ивановски, Никола Ќуркчиев, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ и Гордан Георгиев, но и актуелната пратеничка и поранешна министерка Славјанка Петровска.

Тие најавуваат поинтензивни активности во следниот период.

Билјана Никола

Jumbo 2