Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се очекуваат резултатите од анализите за труењето на децата од ОУ „Димо Хаџи Димов“

/

Македонија

Сподели преку :

Пет ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, а неколку други се третираат амбулантски поради стомачни тегоби, дијареа и повраќање.

Директорот на клиниката, Реџеп Мемеди, потврди дека децата, на возраст од 6 до 12 години, се во добра здравствена состојба и дека им е обезбедена потребната медицинска нега.

Симптомите започнале пред неколку дена, а причината засега останува непозната.

Инспекторите од Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство зедоа примероци од храна, вода и површини во училиштето, додека вработените во кујната се на вонреден преглед.

Истражуваат дали станува збор за труење со храна или друг извор, а резултатите од анализите се очекуваат во наредните 48 часа.

Меѓувреме, во девет други училишта во Општина Карпош е активиран превентивен надзор со исти протоколи.

Jumbo 2