Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сo авиони и од копно се гасне пожарот во реонот на Палиград и Китка

/

Македонија

Сподели преку :

На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка, информира Центарот за управување со кризи.
Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.
Од ЦУК информираат дека во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.
Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.
https://youtu.be/foRtDWUIuPo
Jumbo 2