Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ со кривична пријава за инцидентот во Ново Село

/

Македонија

Сподели преку :

СДСМ поднесе кривична пријава за инцидентот во Ново село. Од опозициската партија обвинуваат дека доверливи полициски податоци завршиле во ВМРО-ДПМНЕ и се јавно злоупотребени, а обвинителството и МВР девет дена молчат за нападот на младите во Ново Село.

„ВМРО-ОКГ на прес-конференција објави доверливи податоци од документи од Полициската станица Струмица. Докуметни и податоци до кои немаат право на пристап и кои се водени како службена тајна. А тоа е ново кривично дело. Мислеа дека ќе се спасат? Се излажаа.“ Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ

СДСМ поднесе и кривична пријава против Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на лични податоци. Манасиевски возврати дека СДСМ не негира дека младите активисти се вусшност осудени насилници и трговци со дрога.

„Не ги демантираат фактите што ги објавив за нивното криминално минато.Наместо одговор на тоа, решија да се занимаваат со тоа од каде сум ги добил информациите. Јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и го штитам јавниот интерес. Не сум никаков полициски службеник, немам никаков пристап до полициски системи и не сум барал од никого да крши закон“, рече Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ

Инцидентот се случи на 5 август и СДСМ тврди дека се нападнати нивни активисти од страна на приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи јавно ја говореле вистината за загадената вода во Гостивар.

Марија Митевска

Jumbo 2