СДСМ ја обвини актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ за политичко влијание врз правосудството и селективна примена на законите.
Од партијата реагираат на укинувањето на куќниот притвор на Артан Груби, како и на повеќе случаи за кои сметаат дека институциите не постапуваат соодветно.
Според СДСМ, правосудниот систем мора да обезбеди еднаков третман за сите граѓани, без оглед на нивната политичка припадност.
Од опозициската партија отворија прашања и за случајот со Ива Михаилова, наводното минување на границата без соодветна евиденција, случаите на семејно насилство, заплената на дрога и постапувањето на институциите по пријави за корупција и криминал.
СДСМ тврди дека постојат двојни стандарди во работата на полицијата, обвинителството и другите надлежни органи, а упати и критики за наводно политичко влијание врз обвинителството.













