Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Пет недели Гостивар се труе – Мицкоски не отиде ниту еднаш, замина на одмор

/

Македонија

Сподели преку :

Уште еден ден до крајот на екскурзијата, потсетува опозицијата, од каде велат дека по четири дена летување во Бриж, следуваа четири дена „катарза“ во Брисел и дека премиерот официјално учел за Францускиот предлог.

  • Пет недели Гостивар се труе – Мицкоски не отиде ниту еднаш. Замина на одмор. Пред да замине, им ја остави на своите кампањата на Ванчо Михајлов за поделба на општеството и сеење омраза – народот е „талог“. Во меѓувреме, покрај епидемија со жолтицата, добивме и епидемија на комарци од Западен Нил. Зошто? Затоа што никој не работи ништо освен тендери. Прскањето комарци за нив е губење време, велат од СДСМ.

Опозицијата смета дека ако имаше европско обвинителство, некој веќе ќе одговараше за труењето на водата, за нападите врз младите, за наместените тендери, за плацевите за Лидл, за Орбановите автобуси, за хемикалијата во Лепенец и Вардар, за депонијата што го загадува изворот.

Сега тендер-патриотите, со својот шеф што моментално е на стручна екскурзија, си ја обезбедија Европа преку бугарски фирми и државјанства. Тие цело лето поминуваа на посебни гранични премини – не чекаа, се вели во соопштението од СДСМ.

Jumbo 2