Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

/

Македонија

Сподели преку :

СДСМ бара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по случајот со Ива Михаилова, откако таа ја напушт земјата и покрај тоа што, судот ѝ ги одзел македонскиот и бугарскиот пасош. Од СДСМ прашуваат како се случил излезот од државата, со оглед на тоа што македонското МВР соопштило дека нема евидентиран излез, а бугарската гранична полиција дека нема евидентиран влез.

„Сè се работи под маса. Договори што само тие во Владата ги знаат“, обвинуваат од СДСМ.

Од партијата потсетуваат дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски претходно изјавил дека судската постапка е во надлежност на судството и дека извршната власт не се меша во неа. Муцунски посочил и дека македонскиот здравствен систем може да обезбеди соодветна нега, како и дека земјата е подготвена да прими бугарски лекари за консултации, како гест на добра волја.

„Сега гледаме дека се пушта преку граница. Иако судот ѝ ги одзеде двата документи, македонски и бугарски пасош“, велат од СДСМ.

Од СДСМ го поврзуваат ова прашање и со други случаи за кои бараат одговорност од раководството на МВР. Меѓу нив ги наведуваат бегството на осомничениот наркодилер Цуната од полициска станица во Кочани, случајот со петте тони дрога што, според нив, ја поминале границата, како и постапувањето на полицијата во случаи на насилство.

„До денес нема одговор како пет тони дрога ја поминале границата“, велат од СДСМ, од каде што оценуваат дека има сериозни пропусти во функционирањето на безбедносниот систем.

„Границата не е решето само за дрога и за бегалци од правда. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО границата е решето и кога судот ќе забрани“, велат од СДСМ.

 

 

Jumbo 2