Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

/

Македонија

Сподели преку :

Пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови – обвини денеска преку писмено соопштение СДСМ, од каде реагираат дека Владата усвоила ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

„Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг. Со ова, 2026 година ќе заврши со околу 12 милијарди евра долг, односно над 65% од БДП“, се наведува во денешното соопштение.

Од партијата наведуваат дека минималните трошоци за едно четиричлено семејство за две години се пораснати за околу 9.000 денари, а минималната плата само за околу 3.500 денари.

„Буџетот денес е околу 7 милијарди евра. Од повеќе пари народот не добива ништо. Нема пари за повисоки плати, нема пари за повисоки пензии, дури и парите од вториот столб сакаат да им ги украдат на пензионерите“, велат од СДСМ додавајќи дека „во последниот ребаланс на Буџетот не е предвидено ова ново задолжување од 1,3 милијарди евра“.

Jumbo 2