Во Собранието се гласаше за минимална плата од 600 евра на предлог на СДСМ. Пратениците на руската партија Левица не беа во салата. Не дадоа ниту еден глас. Токму на Светскиот ден на пристојна работа. Заедно со ВМРО-ОКГ, ЗНАМ и ВЛЕН, кои исто така не гласаа ЗА. Во салата ги немаше ни пратениците на ДУИ, велат од СДСМ.
- За повисока плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата. Тоа не е некаква процедура. Тоа е доказ. Што стои во Програмата на Левица? Еве, во програмата на Левица велат дека стојат на страната на обесправените. Дека работничките права се безвредни и дека тие ќе ги бранат. Дека се единствената автентична партија за која унапредувањето на трудот е апсолутен приоритет, рече Богданка Кузеска, СДСМ на денешната прес – конференција.
Според неа пред избори ветуваа минимална плата на ниво од две третини од синдикалната потрошувачка кошница. Медијална плата. Исплата од први до седми. Дупла дневница за викенд и празник. Укинување на привилегијата за плати над 10.000 евра. Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше.
- Работникот не ги плаќа сметките со пароли и со лажни програми. Не ја полни корпата со соопштение. Ако партија што се колне во работничката не гласа за минимална плата, таа не е лева партија. Таа е партија на далечинско, рече таа.













