Невозможно е повеќе да се скријат секојдневните лаги. Економијата е во колапс. Втор ребаланс за четири месеци, трет најавен. За пензиите фалат околу милијарда, а вториот пензиски столб нема пари – обвинува СДСМ денеска преку писмено соопштение.
Од опозициската партија, ја обвинуваат владеачката дека „нема поле каде што е успешна“.
„Секој ден гледаат задолжување, провизија, рудник за трговец со оружје, дата центри за туѓа дигитализација, провизија за арамијата“, обвинува опозицијата.
-Нема веќе предавање на национален интерес. Единствен предавач е организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски. Тимчо Муцунски потврди – Билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка. Преспа, вели Мицкоски е ремек-дело. Сиљановска: идентитет, јазик и култура се заштитени. Европа го потврди тоа. Последна во низата, претседателката на Комисијата, рече не се преговара со Бугарија, се преговара со ЕУ.
Намерни провокации: прво фашисти, па коњопој, пред средба на Муцунски со бугарската министерка.
Условот за кандидатите за ЕУ е соработка со независното обвинителство и соработката со Лаура Ковеши. А потоа, некој мора да понесе одговорност – наведуваат од СДСМ во денешната реакција.













