Цените во Македонија со месеци се до плафон, во продавници, маркет, на пазар, насекаде, платите стагнираат а стандардот на граѓаните паѓа – реагираше СДСМ денеска преку писмено соопштение.
Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со вклучена кирија, велат оттаму, додека просечната плата се намали за 1.163 денари.
СДСМ обвинува за погрешни политики на Владата предводена од премиерот, Мицкоски.
Цените на горивата пораснаа, дизелот надмина 100 денари, а Владата на Мицкоски не мрдна со прст. Не ги намали акцизите, не го намали ДДВ од 18% на 5%. Не ја покачи минималната плата на 600 евра, ниту ги покачи платите и пензиите – велат од СДСМ од каде сметаат дека во вакви услови, „воведувањето некаква на школскиот прибор нема да има никаков ефект“.
-На родители им се потребни поголеми плати, за да може децата да ги испратат во училиште, да му обезбедат храна, ужинка, облека, трошоци врзани со образовниот процес… За Владата на Мицкоски граѓаните не се приоритет туку бизнис интересите. Затоа граѓаните се оставени сами, без пари, со празни паричници и празни фрижидери – се додава во денешната партиска реакција.













