Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родителите пред нов трошок: Колку ќе чини училишната кошничка?

/

Македонија

Сподели преку :

За помалку од десет дена ќе биде означен стартот на учебната година. Како минатата, така и оваа учебна година, Министерството за економија и труд ја подготвува мерката „Училишна кошничка“, која има за цел да им ги намали трошоците на родителите пред почетокот на учебната година.

Од Министерството за економија најавуваат училишната кошничка да биде со попуст од 15 отсто, а одлуката ќе се гласа на владина седница овој вторник.

Од Министерството додаваат дека попустите ќе се разликуваат од трговец до трговец, во зависност од изборот, квалитетот и брендот на производите.

„Кошничките ќе бидат јасно означени и поставени на видно место, со прецизно наведен состав и цени на производите. На овој начин, родителите однапред ќе имаат целосна информација за тоа што ќе содржи пакетот и која ќе биде неговата цена“, велат од Министерството за економија и труд.

Во книжарниците веќе започна да се купува училишниот прибор. Според вработените, цените варираат од производ до производ, но не се драстично поскапени. Граѓаните не го делат истото мислење.

„Поскапо е оваа година од лани. За сè што треба да се купи за едно дете, ако лани сме платиле околу четири-пет илјади, оваа година треба многу повеќе да платиме“, вели еден граѓанин.

„Сè е поскапо. Ранецот е 50 евра, секоја година нов ранец ни бара внуката“, вели друга граѓанка.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, семејство со двајца ученици месечно издвојува околу 7.200 денари, односно 10,5% од вкупните трошоци, за образование.

Софија Бислимоски

Jumbo 2