Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

/

Македонија

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија изрази мислење со резерва за финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2024 година.

Во конечниот извештај се наведува дека се утврдени слабости во материјалната и сметководствената евиденција, како и пропусти во постапките за јавни набавки и управувањето со имотот.

Ревизорите констатирале дека пописните листи не содржеле вредносни показатели, материјалната и сметководствената евиденција не биле усогласени, а Комисијата не го осигурала имотот со кој располага.

Дополнително, било утврдено дека не постоела единствена евиденција за предметите по кои се изречени глоби, што може да влијае врз нивната навремена наплата.

Во извештајот се посочуваат и слабости во две постапки за јавни набавки, каде техничките спецификации упатувале на конкретни производи, а критериумите за избор не биле доволно прецизно дефинирани.

 

Комисијата, по преземањето на функцијата, затекна сериозни институционални и организациски предизвици, се вели во најновото соопштение

Во врска со Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата, ја информираме јавноста дека ревизијата се однесува на работењето на Комисијата во текот на 2024 година, односно на период кој го опфаќа работењето на претходниот состав на Комисијата. Актуелниот состав на Комисијата, по преземањето на функцијата, затекна
сериозни институционални и организациски предизвици, меѓу кои и голем број нерешени предмети, дел од нив започнати уште во 2017 година. Истовремено, Комисијата за одлучување по прекршок подолг период не функционирала со полн капацитет, што придонело за застој во постапувањето
и акумулирање на заостанати предмети. Денес Комисијата функционира со целосно екипирани стручни служби и функционална Комисија за одлучување по прекршок, што овозможува навремено и ефикасно постапување.

  • Во 2024 година биле донесени 3 решенија со изречени глоби во износ од 1.968.100 денари, додека во 2025 година се донесени 31 решение со изречени глоби во вкупен износ од 56.206.321 денари. Во истиот период се наплатени 110.917.550 денари по основ на правосилни и извршни решенија. Тоа
    претставува зголемување на бројот на донесени решенија за околу 933%, а на изречените глоби за околу 2.756%, што јасно укажува на значително поефикасно спроведување на прекршочните постапки, реагираат од Комисијата на извештајот на ревизорите.
Jumbo 2