Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Регистрирани 20 пожари за 24 часа, активен е само еден

/

Македонија

Сподели преку :

Во изминатото деноноќие до 7:30 часот утрово, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои 18 се целосно изгаснати, еден е ставен под контрола, а еден сè уште е активен, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот во општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на локалитетот Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Под контрола е пожарот кај депонијата во Делчево.

Изгаснатите пожари биле регистрирани на повеќе локации низ државата, меѓу кои во Скопје, Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Липково, Кратово, Ранковце, Желино, Теарце и Гостивар.

Најголемиот дел зафатиле ниска вегетација, стрништа, диви депонии и ѓубришта.

Jumbo 2