Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Радичевски, Радевски, Хусеин и Јахији во трка за градоначалник – кој ќе ја води Брвеница

/

Македонија

Сподели преку :

ВМРО ДПМНЕ го кандидира Стојанчо Радичевски за градоначалник на Брвеница, СДСМ – Јовица Радевски, од Влен го номинираа Јакуп Хусеин,  а од ДУИ – Аркин Јахији. Ова се кандидатите на четирите партии,  од кои жителите на Брвеница ќе треба да го изберат новиот градоначалник. Изборите за градоначалник на Брвеница се закажани за 18 октомври по ненадејната смрт на градоначалник Јовица Илиевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Драги Ковачки од ВМРО ДПМНЕ поднесувајќи ја кандидатурата на Радичевски до Државната изборна комисија рече дека имаат „одличен кандидат којшто ќе биде континуитет на претходниот прерано заминат наш градоначалник Јовица Илиевски. Верувам дека, и покрај тоа што има многу кандидати за градоначалник за Општина Брвеница, нашиот кандидат е убедливо најдобриот кандидат, кандидат којшто обединува и со кого што заеднички ќе славиме на 18 oктомври“ рече Ковачки.Стојанчо Радичевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први” и е магистер по граѓанско право.

Од СДСМ информираа дека нивниот канидидат Јовица Радески доаѓа од приватниот сектор кој „целиот свој работен стаж го има посветено на граѓаните, како ветеринар и како советник. Како актуелен советник и носител на советничката листа на СДСМ, одблиску ги познава проблемите и потребите на граѓаните. Подготвен е со конкретни решенија, за промени на подобро, за сите граѓани на општина Брвеница“, соопштија од СДСМ.

Од Влен за нивниот канидат Хусеини рекоа дека е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. „Нашата предност е јасна: не губиме време со приспособување. Јакуп Хусеини ја познава Општината, администрацијата, процедурите и потребите на жителите. Затоа, уште од првиот ден може да биде во нивна служба и да започне со работа и конкретни одговорности“, велат од ВЛЕН. Кандидатот на ДУИ и Алијанса за Албанците за градоначалник на Брвеница Јахији е државен советник за бесплатна правна помош во Министерството за правда.

Партиите повикаа на фер кампања и изборен процес.

Jumbo 2