Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Работните спорови ја чинеле државата 64 милиони евра

/

Македонија

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија утврди дека во периодот 2020–2025 година државата исплатила околу 64,4 милиони евра, по основ на судски постапки од работни спорови.

Речиси половина од средствата се однесуваат на камати, трошоци на парнична постапка и извршни трошоци. Ревизијата покажала дека бројот на активни предмети значително се зголемил – од 9.361 во 2021 година на 24.556 во 2025 година.

Според наодите, државата нема воспоставено ефикасен и системски пристап за управување со работните спорови, а во институциите во најголем дел не постојат системи за следење и анализа на причините и исходите на споровите.

Дополнително, примената на алтернативни начини за решавање спорови е ограничена, додека Државното правобранителство главно има реактивна улога.

Државниот завод за ревизија препорачува воспоставување поефикасен систем за управување со работните спорови, подобрување на законската рамка и унапредување на евиденцијата и аналитичкото следење на предметите. Целта е да се намалат финансиските импликации од работните спорови и подобро да се управува со ризиците врз Буџетот на државата.

Jumbo 2