Пукна цевка од старата инсталација во зградата на „Нова Македонија“ во Скопје, каде што се сместени Министерството за образование и наука, ДИК и други државни институции.
Водата ги поплавила просториите и стигнала до делови од електричната инсталација и броилата, поради што превентивно е исклучена струјата во објектот.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата Ивица Томовски рече дека е пукната топловодна цевка и дека е испратена и нивна екипа на терен.













