Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прв пат на телевизија го видел обвинетиот Дешо, сведочење на Заев за настаните од 27-ми април

/

Македонија

Сподели преку :

Прв пат обвинетиот го видов на телевизија кога го пречекаа на граничниот премин Деве Баир, сведочеше денеска поранешниот премиер Зоран Заев на судењето против Дејан Давидовски Дешо за настаните во Собранието на 27-ми април 2017 година на прашање на неговата одбрана дали може да го препознае Дешо и дали имал директен напад од него.

„Јас сум сигурен дека од него не добив удари по главата и телото. Воопшто не можам да потврдам дали бил во Собранието затоа што прв пат го видов на телевизија кога се врати во Македонија и никогаш порано ниту после тоа се немам сретнато со обвинетиот“, рече Заев.

Заев изјави и дека негов впечаток е дека сите граѓани кои влеглe во Собранието на 27-ми април се сериозно изманипулирани од други луѓе во врвот на власта во тој период и се сериозно излажани и инструирани за да кренат раце на други луѓе .

Давидовски е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок. Судија во случајот е Илија Трпков. Првото рочиште се одржа во април откако Давидовски се предаде се предаде на македонските власти на граничниот премин со Бугарија. По него беше распишана меѓународна потерница. Тој избега од државата и беше во Шведска, а тамошниот Врховен суд не дозволи екстрадиција бидејќи станувало збор за политичко кривично дело. Судењето започна во април.

Ново судење за 27-ми април, адвокатот на обвинет Давидовски побараа изземање на судијата

Адвокатите на Дејан Давидовски Дешо, обвинет за упадот во Собранието на 27-ми април 2017-та, побараа изземање на судијата Илија Трпков поради пристрасност. Адвокатот Тони Менкиновски рече дека во изјавата на судијата кога ја донел ослободителната пресуда за организаторите на упадот во Собранието имал толкувања за настанот поради што не се очекува праведен процес. Покрај Менкиновски,… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

 

 

 

 

 

Jumbo 2