Просечен рок за електронско вадење на лични документи е пет минути – велат од Министерството за дигитална трансформација. За еден месец биле издадени 1017 барања од физички лица за неосудуваност и уште 12 од правни лица што е вкупно 1.029 барања во последните 30 дена.
Во истиот период издадени се вкупно 2.136 изводи и тоа:
- Родени: 1.496
- Венчани: 294
- Умрени: 77
- Интернационален извод – родени: 201
- Интернационален извод – венчани: 68
Во однос на студентката која до редакцијата на Телма се пожали дека неколку дена го чека изводот кој и е неопходен за запишување во странство, велат дека сите барања индивидуално се разгледуваат и дека во вакви случаи најчесто станува збор за некомплетно доставена документација.













