Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдени осум лица мигранти, лишен од слобода криумчарот од Албанија

/

Македонија

Сподели преку :

На 27.10.2026 во 12:35 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, во близина на место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода П.М.(40) од Албанија.

При контрола во патничко возило ,,фолксваген туран“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти, од кои двајца малолетници, по нивно кажување од Авганистан.

Тој бил задржан во Полициската станица Неготино, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Jumbo 2