Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промовирани 53 офицери на Воената академија

/

Македонија

Сподели преку :

Свеченост се оддржа на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ на која беа промовирани 53 офицери, а министерот за одбрана посочи дека Армијата отсекогаш била една од најпочитуваните институции во државата, нагласувајќи дека одбраната има историска улога, додека современите закани не познаваат граници, со што го нагласи членството во НАТО како „повеќе од безбедносна гаранција“.

„Членството во НАТО претставува повеќе од безбедносна гаранција, тоа е заедница на вредности, знаење и солидарност. Со денешната промоција вие сте дел од новата генерација офицери кои ќе работат рамо до рамо со своите колеги од земјите сојузници, ќе учествуваат во заеднички обуки, вежби и операции и мисии и заедно ќе придонесувате кон регионалната и глобалната безбедност“, рече Мисајловски.

На свеченоста беа промовирани вкупно 36 питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, еден питомец од престижната Воена академија „Вест Поинт“, како и 16 слушатели на шестиот курс за офицери кои ги добија чиновите потпоручник и поручник.

Мисајловски истакна дека во текот на четиригодишното образование питомците изградиле меѓусебна доверба, почит и пријателство, вредности кои, според него, ќе ги следат во текот на целата нивна професионална кариера. За новите поручници и потпоручници, пак, нагласи дека стануваат офицери, лидери и носители на довербата на државата.

„Да се биде офицер, значи да се биде пример за сите. Од денеска токму вие ќе бидете препознатливи по чесноста, интегритетот, носењето тешки одлуки кога е најпотребно, по преземањето одговорност тогаш кога другите се двоумат и по способноста да ги ставите интересите на својата држава и на своите единици пред сопствените интереси“, истакна Мисајловски.

Според него, силата на Армијата не произлегува само од современото вооружување туку, пред сè, од луѓето, нивната чест, професионалност, лојалност и подготвеност да ја исполнат должноста кон татковината. Се осврна и на историската улога на младите, посочувајќи го примерот со Илинденското востание од 1903 година кога, како што рече, многумина од учесниците биле млади луѓе кои верувале во иднината.

„Денеска, во едно поинакво време и во сосема други околности, вашата генерација има еднакво важна мисија: да биде гарант на мирот, стабилноста и на безбедноста за сите граѓани во својата земја“, рече Мисајловски.

Jumbo 2