Продолжува судењето на обвинетиот сериски убиец Трајко Бојковски. Денеска треба завршни зборови да дадат обвинителот и адвокатот на убиецот, и обвинетиот доколку сака. Се очекува и денеска судот да закаже рочиште за изрекување на пресудата.
На претходното рочиште сериски убиец од Старо Нагоричене, Трајко Бојковски кажа дека убил три баби, покажувајќи со прстите на рацете. Негираше дека отепал четири жени како што пишува во обвинението на обвинителот Љубомир Лапе, а призна дека и две се обидел да ги убие. Но токму кога обвинителот го испрашуваше сведочеше контрадикторно, прво дека не ја убил Станче, која е прва на листата убиени.
Поради ваквите тврдења обвинителот Лапе побара судот да го земе пред вид записникот од распитот пред него кога до детали ги опишувал и убиствата и датумите кога ги сторил. Сведочел дека жените ги демнел, влегувал во нивниот дом најчесто на спиење, ги давел, мртви ги силувал па кај дел дури и јадел и заминувал. Во сведочењето потврдил дека тоа го правел од некрофилски побуди.
Според обвинението убиствата и обидите за убиства се случувале од јануари 2025 година до февруари 2026 година, а никој не утврдил дека жените се убиени и силувани туку биле закопани без обдукција и обвинител. Токму поради ова се води истрага и за двајца доктори мртвопроверители од Куманово, но не и за полицајците кои биле вклучени во увидите.

Три баби. Покажувајќи со прстите на рацете преброја колку жени убил обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричене, Трајко Бојковски. Негираше дека отепал четири жени како што пишува во обвинението на обвинителот Љубомир Лапе, а призна дека и две се обидел да ги убие. Но токму кога обвинителот го испрашуваше сведочеше контрадикторно, прво дека не ја… Продолжи со читање













