Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ информира дека, по барање на бруцошите, доставиле барање до Министерството за образование и наука за продолжување на рокот за аплицирање за сместување во државните студентски домови, кое е прифатено.
-Целта е студентите кои ќе го завршат уписот во вториот уписен рок да имаат доволно време да обезбедат потврда за редовен студент и навремено да ја поднесат својата апликација. Новиот рок за аплицирање е до 22.09.2026 година, до 23:59 часот, информираат од УСС-УКИМ.













