Судот одреди 30 дневен притвор за 19 годишник кој заедно со неговиот малолетен брат, прободеа со нож две деца од кои едно се бори за живот на скопските клиники.
Според здравствените власти детето е на 13 годишна возраст и е прободено во срцето. Тоа е во тешка здравствена состојба. Другото дете кое исто така е прободено е полнолетно и има тешки повреди. Браќата повредиле уште дете но тоа има полесни повреди.
Судот соопшти дека барањето на обвинителството за притвор е прифатен поради опасност од бегство, можно влијание на сведоци и повторување на делото.
Основното јавно обвинителство од вчера спроведува истражна постапка против 19 годишниот брат за кој постои сомнение дека сторил кривичнo делo – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Според Обвинителството, осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност извршиле насилство врз едно дете и полнолетно лице и им нанеле тешки телесни повреди со убоди од нож. Полесно е повредено уште едно дете.
Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност.
Телма претходно објави дека крвавата тепачка се случила на улицата „Македонско-косовска бригада“ на територија на Чаир. Еден од малолетниците, роден во 2012 година, признал дека користел нож.
.













