Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Превозниците утре излегуваат на протест пред седиштето на Европската Унија во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Превозниците утре излегуваат на протест пред седиштето на Европската Унија во Скопје.

Пред очекуваниот состанок на Шенген членките што треба да се одржи на 1-ви септември, транспортерите уште еднаш ќе пратат апел до ЕУ да им го олесни движењето во Шенген зоната со што ќе можат непречено да работат.

Проблемот е што на камионџиите им се пресметува престојот во Шенген зоната како и на секој друг граѓанин на трети земји, односно престојот им е ограничен на 90 во последните 180 дена.

Ако веќе не може да бидат изземени од ова правило, како што е случај со машиновозачите и пилотите, тогаш бараат наместо во денови, нивниот престој да се брои во часови и минути.

Протестот ќе започне во 12 и ќе трае до 14 часот.

Освен во Македонија, транспортерите истовремено ќе протестираат и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Jumbo 2