Педесет и тригодишен жител на селото Василево е лишен од слобода откако полицијата кај него пронашла марихуана, а при претрес во неговиот дом се пронајдени и 13 бели печурки за кои постои сомневање дека содржат психоактивни супстанции.
Според информациите од МВР, Б.Б. бил приведен на 27 октомври во Струмица, откако при полициски преглед кај него била пронајдена марихуана.
Следниот ден, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во Василево, при што биле пронајдени 13 бели печурки. Тие ќе бидат предмет на понатамошно вештачење за да се утврди дали содржат психоактивни својства.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.













