Претседателот на Собранието Африм Гаши ја потпиша одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.
Изборите се организираат по ненадејната смрт на градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски.
Гаши ги повика ДИК и општинската изборна комисија на Брвеница изборниот процес да го споведат професионално а на кандиадтите им порача кампањата да ја водат достоинствено.
„Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законот и процедурите.
и повикувам сите кандидати и политички субјекти изборната кампања да ја водат достоинствено, натпреварувајќи се со програми, идеи и визија за развојот на општината, а не говор што поттикнува поделби или постапки што ја нарушуваат довербата на граѓаните во демократскиот процес.
Ги повикувам граѓаните на Брвеница да учествуваат на изборите и одговорно да го остварат своето демократско право, придонесувајќи кон мирен, уреден и кредибилен изборен процес што ќе го одреди идниот правец на развој на нивната општина“, соопшти Гаши.
Г
Убеден сум дека овие избори ќе ја потврдат демократската зрелост на институциите и на нашите граѓани.













