Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот на планината Жеден го обви Скопје во чад

/

Македонија

Сподели преку :

Од пладне Скопје е обвиен во густ чад кој силно е чувствува во воздухот и ги вознемири граѓаните. Надлежните смируваат. Велат дека во градот нема пожар, ниту опасност по граѓаните, а иако гори на неколку локации во околината на Скопје, чадот го носи ветрот од пожарот на планината Жеден во атарот на селото Бојане.

„Мирисот на чад кој што се чувствува во некои делови на Скопје доаѓа од пожарот кој што се одвива на планината Жеден, некаде во атарот на село Бојане. Пожарот од тетовска страна сетга полека се префрла кон скопска страна. Пожарот момент се одвива на тешко пристапен терен на планината Жеден. На негово гаснење работат пожарникарите од Тетово, како поддршка на скопските пожарникари“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Пожарот на Китка од вчера е повторно активен, а надлежните тврдат дека станува збор за намерно потпалување, бидејќи избувнал на места кои се далеку од линијата на пожарот. Според информациите на Телма, линијата во моментов е над 10 километри главно непристапен терен.

„Луѓе кои од користољубие или советнички мотиви упорно го палат и повторно подметнаа долга линија која што беше невозможно да се изгаси брзо. Овие злобници, кои што палат ваков пожар на вакво место, треба да знаат дека со нивното поведение ризикуваат да убијат други луѓе, жителите на многубројните села околу и под Китка“, додаде Ангелов.  

Пожарот кај делчевското село Бигла е локализиран, но сепак е направена огромна штета, бидејќи за само 10-тина часа се уништени над 200 хектари борова и дабова шума.

„Пожарот кој избувна вчера околу 10:30 часот во моментот е локализиран и ставен во мирување. Со претходно добро направена опсервација со дрон беа лоцирани сите критични точки по што веднаш се пристапи на терен на локално гасење на самиот пожар. Од тоа што имам како информации се работи за површина на изгорена борова и дабова шума од 22 хектари“, вели Иван Гоцевски, градоначалник на Општина Делчево.

Против старецот, кој е осомничен дека го предизвикал овој пожар палејќи гуми во дворот од куќата, засега не е поднесена никаква пријава.

Од „Македонски Шуми“, пак, соопштија дека кракот од пожарот кој од Србија се движеше кон граничниот премин „Табановце“ и планинските села во Општина Липково е локализиран и под контрола.

„Во текот на вчерашниот ден бевме во постојана комуникација со надлежните во Република Србија. Се работеше интензивно на тој пожар и во текот на вчерашниот ден, до доцна во попладнето, целосно беше ставен под контрола тој крак кој претставуваше опасност да дојде до нашата граница. Има чадење во внатрешноста како и секој пожар, меѓутоа ќе почекаме да видиме дали целосно ќе биде ликвидиран“, изјави Кире Михаилов, заменик директор на ЈП „Македонски шуми“.

Во моментов во државата се активни пет пожари, а освен на планините Китка и Жеден, гори и во Македонски Брод и во Општина Илинден. Под контрола е пожарот кај кичевско Тајмиште каде гори букова шума.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2