Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот на Китка во фокусот на пожарникарите и ДЗС

/

Македонија

Сподели преку :

Пожарот кој речиси две недели беснее на Китка е клучната точка каде се фокусирани напорите на надлежните во обид да се спречи неговото ширење кон внатрешноста на планината.

На земја со огнот се борат екипите на скопските пожарникари, ЈП „Македонски шуми“ и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) а имаат поддршка од трите „ер трактори“ и полицискиот хеликоптер.

Тимовите на терен со натчовечки напори неколку пати успеаја да го локализираат и да го стават под контрола овој пожар но потоа најмалку два пати, беа подметнати нови, далеку од линијата на огнот каде се гаснеше дотогаш. Надлежните апелираат до локалното население да бидат исклучително внимателни.

Покрај Китка, активни пожари имаме на територијата на Општина Гостивар кој се шири кон Македонски Брод и селата во Поречието.

Активен е и пожар во близина на Јасен како и на територијата на општините Росоман, Зелениково и Чашка.

Под контрола се три пожари, во Кичево и на депониите во Делчево и во Кавадарци. Во Кавадарци, каде беше подметнат пожарот, депонијата се затрупува а два БТР-а на ДЗС се уште се поставени на локацијата и по потреба ја ладат.

Големиот пожар кој вчера изби кај селата Горно и Долно Чичево во Градско и кој се закануваше да се прошири на огромна територијата вчера беше локализиран и целосно изгаснат.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2