Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повторно немири на протестите против францускиот предлог

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата интервенираше за да ги одбие демонтрантите кои речиси половина час го гаѓаа со каменња Собранието за време на протестите против францускиот предлог. Група граѓани, исто како и на синоќешните протести, повторно ја проби заштитната ограда и започнаа да фрлаат камења и  метални шипки откорнати од заштитната ограда кон зградата на Собранието.

Полицијата во два наврати јуришаше кон демонстрантите, кои првично се повлекоа во Жена парк, и оттаму продолжија да фрлаат предмети кон полицискиот кордон.

Според нашите информации на вечерашните протести има и повредени, а одредени медиуми јавуваат дека биле повредени тројца полицајци и било оштетено едно полициско возило. Исто така има и приведени демонстранти.

 

Демонстрантите фрлаат камења и откорнати метални шипки откорнати од заштитната ограда кон зградата на Собранието.

Инцидентот повторно го предизвика помала група демонстранти, кои откако ја пробија заштитната ограда, започнаа да фрлаат со камења по прозорците на законодавниот дом.

Jumbo 2