Втор ден трае потрагата по телото на 52-годишен бугарски државјанин, кој исчезна вчера попладне при нуркање во Охридското Езеро на длабочина пд 89 метри. СВР Охрид негира дека телото е пронајдено во близина на селото Трпејца и ги демантира написите по тврдења на очевидци кои наводно виделе дека маж облеченово нуркачка опрема е извлечен од голема длабочина. (Содржината е исправена о дополнета на 10.08.2025. во 17:19 часот)
Несреќата се случила околу 13:15 часот, кога нуркачот исчезнал на длабочина од 89 метри. Во потрагата се вклучени Езерската полиција, Црвениот крст и нуркачкиот клуб „Амфора“.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, го потврди настанот и изјави дека причините за инцидентот се испитуваат.

Денеска околу 13:15 часот, во СВР Охрид и Езерската полиција било пријавено дека 52-годишниот И.Т. од Република Бугарија исчезнал за време на нуркање на длабочина од 89 метри, во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца. Веднаш по пријавата, започната е акција за потрага по исчезнатиот, во која се вклучени Езерската полиција, тимови на Црвениот… Продолжи со читање













