Бартиломеј Питала, полскиот нуркач заедно со македонскиот и полскиот тим на Спелеонуркачки клуб „Врело“ го постигна светскиот рекорд во најдлабоко пештерско нуркање, со што подводната пештера Врело стана најдлабока пештера во светот со 338 метри длабочина која истражена е од човек.
Со вчерашното финално нуркање беа постигнати повеќе светски рекорди, најдлабока пештера која ја има истражено човек, најдлабоко нуркање во пештера и најдлабоко нуркање на отворени води.
–Рекордот не беше главната цел за нас, туку истражувањето на пештерата. Истражување, пронаоѓање нови премини, нови места, учење за пештерата, за геологијата, дополнителни откритија за кои сме многу среќни, но тие не беа главната цел. Финалното нуркање траеше девет часа, па можете да замислите каков предизвик е да бидете девет часа под вода, без пристап до храна, вода без можност да дојдете до површината . Требаше да бидеме подготвени за се, за што и да се случи и да се справиме со тоа под вода. Тоа беше најголемиот предизвик, изјави Бартиломеј Питала, светски рекордер во длабинско нуркање.
-Постигнат е рекорд на најмлад нуркач кој се симнал под 300 метри, постигнат е рекорд на затворен тип на нуркање, на таа опрема до сега никој не се спуштил толку длабоко до сега значи имаме повеќе рекорди. Ја ставивме Македонија на мапата на светот на рекорди број 1 во моментов, вели Христијан Миланоски, претседател на СНК Врело
– Подготовките предвидуваа имање на приправност барокомора, бидејки како што кажав самите нуркања на голема длабочина може да доведат до декмпресиона болест затоа и толку долго траат со цел нуркачот кој што отишол на најголема длабочина да се исчисти од токсичните гасови. Меѓутоа во случај да не се случи тоа ја имавме хеликоптерската единица на МВР ни беше на приправност, екипи на Итна медицинска помош ни беа на приправност на паркингот на влезот на Матка, Тигрите специјалната антитерористичка единица од МВР ни беше на располагање како за логистика на пренесување на опремата тука, меѓутоа и за логистика до нуркачката локација, изјави Слободанка Јакимовска, СНК Врело.
За време на експедицијата покрај истражувањата за длабочината на пештерата, нуркачките тимови од Полска и Македонија, ја видоизменија мапата на пештерата и вкупната должина на пештерата со откривањето на два нови канали, што значи нови 150м истражена пештера.
Нуркачите велат дека најголем предизвик е подготовката на експедицијата и логистиката за што им помогнале единиците на Армијата и МВР. Се очекува овој светски рекорд да привлече голем број туристи од целиот свет.
Во експедицијата учествуваа 15-тина нуркачи од Полска, Македонија и Италија. За потребите на експедицијата, и за првпат од македионскиот тим, на 130 метри од влезот на пештерата, беше конструирана, внесена и обезбедена воздушна комора (хабитат) на длабочина од 8м-9м и на крај е означена со македонското знаме.
Нина Стефанова













